Човекот задолжен за социјалните мрежи во Атлетико заслужи покачување, со серија објави ја „истрола“ Барса (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Атлетико Мадрид обезбеди место во полуфиналето од Лигата на шампионите и покрај поразот од Барселона (1-2) во реваншот, откако пресудна се покажа победата од 2-0 на првиот натпревар на „Камп Ноу“.

Покрај радоста, Атлетико најде начин и дополнително да го „пецне“ ривалот преку социјалните мрежи. Посебно внимание привлече објавата на Ламин Јамал пред натпреварот, кога позираше со слушалки и очила во стил на Леброн Џејмс, најавувајќи пресврт.

„Јорганџиите“ возвратија веднаш по мечот со фотографија во ист стил на која се Антоан Гризман, Адемола Лукман, Александер Сорлот и Хулијан Алварез. Освен тоа, тој објави и уште едно интересно видео за натпреварот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×