Наполи одигра само 1-1 на гостувањето кај Парма, нашиот Елиф Елмас во финишот имаше шанса да се прослави и да донесе победа, но со глава биеше над голот.
Заврши победничката серија на Наполи, момците на Антонио Конте попладнево одиграа 1-1 против Парма и не успеаја да го стават Интер под додатен притисок.
Домаќините одлично го отворија мечот и поведоа по само 33 секунди, Стрефеца погоди за 1-0.
Наполи изедначи по еден час игра, Хојлунд му асистираше на Мектоминеј за 1-1.
Нашиот Елиф Елмас шанса доби од клупата, во игра влезе во 78. минута и можеше да се прослави.
Во 84. минута се најде во добра прилика, остана немаркиран, но неговиот обид заврши високо над голот, па Македонецот се фати за глава, свесен дека можеше да донесе победа.
Со овој бод, Наполи сега е на минус 6 во однос на Интер, и доколку „нероаѕурите“ победат вечерва кај Комо, ќе стават една рака на Скудетото.
ФОТО: X/Official SSC Napoli