Медиумите од „островото“ пренесуваат дека Мајкл Керик на „ѓаволите“ им предложил да го купат Морган Роџерс од Астон Вила, добро го познава играчот од времето во Мидлсзбро.
Мајкл Керик го препороди Манчестер јунајтед откако на привремена основа го презеде кормилото на тимот по отказот на Рубен Аморим и „ѓаволите“ се на добар пат да обезбедат настап во Лигата на шампиони.
Но младиот стратег нема гаранции дека ќе продолжи на клупата, конечната одлука ќе падне по крајот на сезоната.
Сепак, Мајкл Керик на ум има што треба да се направи на трансфер пазарот и го советува Манчестер јунајтед да се засили со Морган Роџерс од Астон Вила.
Тој одлично го познава офанзивниот фудбалер од времето во Мидлзбро, но зделката воопшто не е лесна.
Почетната цена на Морган Роџерс е околу 80 милиони фунти, но лесно може да се случи таа да се искачи до 100 милиони со оглед на тоа дека интерес за неговите услуги пријавуваат и Арсенал, Челси и ПСЖ.