Хет-трик број четири за Карим Бензема оваа сезона (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Карим Бензема игра одлична сезона во Саудиска Арабија и го постигна својот четврти хет-трик.

Искусниот Французин даде три гола за Ал Хилал во убедливата победа над Ал Колод од 6-0. Бензема ги даде вториот, третиот и четвртиот гол во осмата, 31 и 45 минута од првиот дел.

Напаѓачот е во одлична форма, иако оваа сезона прескокна десетина натпревари поради повреда. Тој има по два хет-трика во дресовите на Ал Итихад и Ал Хилал.

На листата на стрелци се наоѓа зад Ајван Тони и Кристијано Роналдо со 16 гола.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×