По поразот од Атлетико во Барселона вината ја гледаат кај судијата поради неколку спорни одлуки, а една ситуација посебно ги налути.
Шпанските медиуми блиски до клубот тврдат дека Барселона сериозно размислува да поднесе официјална жалба до УЕФА за судењето на романскиот арбитар Иштван Ковач во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите.
Ситуацијата за која ќе се жалат е играњето со рака на фудбалерот на Атлетико откако голманот Мусо ја додаде топката.
Фудбалерите на Барселона жестоко реагираа и бараа пенал, но судијата не покажал на белата точка, а не реагираше ниту ВАР-системот. Во каталонскиот клуб сметаат дека требало да биде досуден казнен удар и веќе подготвуваат жалба за оваа одлука.
Незадоволството во клубот дополнително се зголемило поради фактот што капитенот на Атлетико, Коке, не добил втор жолт картон во првото полувреме. Наместо исклучување, играчот од средниот ред поминал само со опомена.