Пелистер и Вардар речиси ништо да не одиграа и ги поделија бодовите

by Стефан
1 минути читање

Вечните ривали Пелистер и Вардар го одиграа дербито во Битола без голови (0-0) во 26. коло од македонската Прва лига.

„Црвено-црните“ имаа две сериозни шанси во првото полувреме преку Николов и Кастањеда, но мрежите останаа недопрени.

Второто полувреме донесе малку поинтересни моменти, Пелистер постигна гол, но истиот беше поништен поради офсајд. И двата тима се обидуваа да направат нешто повеќе, но обидите не резултираа со сериозна закана кон противничкиот гол. Во последните секунди Цветковски испрати прекрасен удар, но Јовчевски беше на висина на задачата и го сочува резултатот.

По овој меч, Вардар останува лидер во Првата лига со 62 бода, само еден повеќе од Шкендија, додека Пелистер е на деветтата позиција со 26 бода.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×