Екипите на Брага и Бетис одиграа нерешено 1-1 во првиот четвртфинален натпревар од Лига Европа, кој се одигра во Португалија.
Домаќините одлично го отворија мечот и поведоа уште во петтата минута. По изведен корнер на Диего Родригеш, Флоријан Грилич реагираше одлично и со атрактивен погодок со пета ја затресе мрежата.
Grillitsch a colocar o Braga na frente!!! ❤️ pic.twitter.com/IxFiI0nj7B
— Goncalodias17 (@goncalo_diass17) April 8, 2026
Во продолжението, Бетис ја презеде контролата врз играта и создаде неколку сериозни прилики, но голманот Лукаш Хорничек беше сигурен меѓу стативите и не дозволи израмнување.
Сепак, гостите успеаја да стигнат до посакуваниот гол во 61. минута, кога Ернандез беше прецизен од белата точка и ги постави конечните 1-1.
Решението за патникот во полуфиналето ќе падне на реваншот, кој е закажан за 16 април во Шпанија со почеток од 21 часот.