Играч кој не е стандарден во бразилски клуб е единствен со загарантирано место во тимот на Анчелоти за СП

by 24 фудбал
1 минути читање

Бразилската фудбалска федерација се подготвува за Светското првенство. Под водство на селекторот Карло Анчелоти тимот има високи амбиции.

Според Бразилците, само еден фудбалер има загарантирано место во тимот. И покрај тоа што не е стандарден во Фламенго, Данило се најде на поширокиот список на Бразил за Светското првенство. Италијанецот го објасни изборот и ја потенцираше неговата важност за тимот.

Важно е како играчот се вклопува во тимот и што може да донесе на теренот, а Данило ги има тие квалитети што ги бараме. Тој не е само добар фудбалер, туку и прекрасен човек. Влијанието што го има во соблекувалната е неверојатно. Посакувам секој тим да има барем по еден играч како него“, изјави Анчелоти.

Конечниот список ќе биде објавен еден месец пред почетокот на Мундијалот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×