20
Во Колумбија, во пресрет на Светското првенство се следи здравствената состојба на нивната ѕвезда, Хамес Родригез, а последните информации се поволни.
Тој минатата недела заврши во болница поради дехидрација, мораше да биде хоспитализиран и неколку дена под медицински надзор.
Минесота соопшти дека Колумбиецот сега се чувствува многу подобро, ја напуштил болницата, а веќе се планира и негово враќање на тренинзите.
Родригез ќе продолжи да биде под медицински надзор со цел повторно да не се влоши неговата состојба.
Колумиецот во каква клупска форма и да бил, секогаш имал одлични настапи за својата репрезентација, па затоа е важен дел од составот на Колумбија.