„Срцето ми застана две ипол минути, чувствував како го напуштам телото…“ – Оскар со емотивна исповед

by bojan
1 минути читање

Поранешниот фудбалер на Челси, Оскар мораше да стави крај на карирата поради здравствени причини, Бразилецот откри дека срцето му застанало на две ипол минути и чувствувал како го напушта телото.

Изминатиов викенд, Сао Пауло и официјално соопшти дека Оскар оди во фудбалска пензија на 34 години.

Бразилецот поминат пет дена во болница во ноември месец откако се онесвести на рутински лекарски прегледи.

Вагален синдром (вазовагална синкопа), предизвикано од нагло намалување на крвниот притисок и срцевиот ритам го принуди Оскар предвреме да стави крај на кариерата.

„Сега можам да зборувам поотворено, претходно веднаш станував емоционален“ – вели поранешниот фудбалер на Челси, кој во своите најдобри денови се реши за трансфер во Кина, каде спечали околу 175 милиони евра.

„Правев тестови, ми падна притисокот, срцето престана да ми чука и се онесвестив“.

„Срцето ми застана на две ипол минути, ме реанимираа…  Велат дека кога умираш, го напушташ телото и токму така се чувствував“.

„Се наоѓате во многу убав сон. Се се одвиваше брзо, можев да го видам син ми како ми вели, „Врати се тато!““.

ФОТО: X/Fellipe Lucena / São Paulo FC

Можно е и ова да ти се допаѓа

×