Денеска на програмата од 25. коло во ПМФЛ се играат два натпревари во кои на теренот ќе излезат двата главни конкуренти за титулата Вардар и Шкендија.
Вардар на свој терен го чека натпреварот против Македонија Ѓорче Петров во кој избраниците на Гоце Седлоски ќе се обидат да се вратат на победничките патеки по изненадувачкиот пораз од Арсими пред репрезентативната пауза.
Македонија Ѓорче Петров во лоша форма влегува во натпреварот со лидерот на табелата, загубија на последните три дуели, па и поради тоа, но и квалитетот во овој момент фаворитската улога е на страта на вардарци.
Натпреварот се игра во терминот од 15:30 часот.
Шкендија исто така ќе биде домаќин и во дуелот кој се игра два часа порано во Тетово ќе го пречека Пелистер кој е во речиси идентична позиција како Македонија Ѓорче Петров и една позиција подоле со бод помалку од „лавовите“.
На врвот на табелата Вардар и Шкендија се израменти со по 58 бода, зад нив со пет помалку следи Струга.