Силекс демонстрираше моќ и со убедлива победа од 6-0 против Шкупи го одбележа денешното 25. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Кратовчани уште од самиот старт покажаа дека се решени да го решат прашањето на победникот. Ади Алиќ го отвори резултатот во 5. минута, а само пет минути подоцна Мигел Пиреш зголеми на 2-0. До паузата Силекс веќе имаше сигурна предност од 3-0, откако Мартин Мирчевски беше прецизен од белата точка.
Во второто полувреме домаќините продолжија во ист ритам. Едис Бутуровиќ погоди за 4-0 во 58. минута, по што Ангелески реализираше пенал за 5-0. Конечниот резултат го постави Донов во 71. минута, комплетирајќи ја убедливата партија на Силекс.
Во вториот натпревар од денешната програма, Брера славеше против Арсими со 2-1. Гостите поведоа уште во 3. минута преку Маркел Гони, но Филип Михаилов брзо израмни на 1-1. Победата за домаќинот ја донесе Леонардо Петровиќ со гол во 79. минута.