Астон Вила би можела да остане без еден од своите најважни играчи ова лето, откако Морган Роџерс е отворен за нов предизвик, пренесуваат британските медиуми. За 23-годишниот англиски репрезентативец веќе подолг период интерес покажуваат Челси, Ливерпул и Арсенал, а во трката се вклучил и Манчестер Јунајтед.
Иако Роџерс во ноември потпиша нов шестгодишен договор со клубот, постои договор со раководството дека токму ова лето може да биде вистинскиот момент за разделба, бидејќи офанзивецот сака чекор напред во кариерата и трансфер во тим што се бори за најголемите трофеи. Фудбалерот има одличен однос со тренерот Унаи Емери и управата, па се очекува Вила да не му прави проблеми доколку пристигне соодветна понуда.
Роџерс игра во добра форма оваа сезона со 10 гола и 7 асистенции на 44 натпревари во сите конкуренции, а минатата година беше прогласен за најдобар млад играч од страна на здружението на професионални фудбалери.
Се очекува да биде дел и од селекцијата на Англија на Светско првенство 2026, додека неговата пазарна вредност во моментов се проценува на околу 80 милиони евра.