Мурињо: Ако некој ми покаже јасна слика, ќе признаам! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Реал Мадрид синоќа одигра одличен натпревар и со убедливи 4-1 ја победи Севиља, но на мечот имаше еден спорен момент.

Од Севиља сметаат дека Арда Ѓулер требаше да добие црвен картон поради удар со лакт на противнички играч. Мурињо не се сложува со тоа.

„Не видов чиста слика од фаулот на Арда. Тој ми рече дека не го удрил противникот со лакт“, вели Мурињо.

„Во сабота ќе има прес-конференција за мечот од Ла Лига, па дотогаш ако некој ми покаже слика како Арда го прави тоа, тогаш ќе речам дека беше црвен, немам проблем со тоа“.

Видеата покажуваат како играчот на Севиља го држи Арда за дрес, а тој за да се ослободи удира и со лакт.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×