Одби подарок од ривал поради страв од црна магија!

by riste
1 минути читање

Една интересна и неверојатна случка беше забележана пред натпреварот меѓу Нова Каледонија и Јамајка кога капитенот на гостите не сакаше да заеме подарок од ривалот.

Капитенот на Јамајка во прв момент одби да прими подарок од ривалот Цезар Лолохеа од Нова Каледонија, а тој остана во шок поради реакцијата.

Порталот „Зона Конкакаф“ објави дека голманот најпрво одбил да го прими подарокот од противникот затоа што мислел дека станува збор за „црна магија“.

Јамајка го доби мечот со 1-0 и се пласира во финалето од баражот за Светското првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×