938
Селекторот на Македонија, Гоце Седлоски, го скрати списокот пред клучниот дуел со Данска во баражот за СП 2026.
Од вкупно 27 фудбалери кои допатуваа во Копенхаген, четворица ќе останат надвор од конкуренција и нема да бидат во протоколот, па натпреварот ќе го следат од трибините на „Паркен“.
Станува збор за Решат Рамадани и Имран Фетаи од Шкендија, Лука Станковски и Тихомир Костадинов. Последниот отпадна поради суспензија поради жолти картони, иако досега беше стандарден дел од тимот.
Претходно од повиканите отпадна и Езѓан Алиоски кој беше повреден уште при настапите за Лугано.