Селекторот на Македонија, Гоце Седлоски вели дека се максимално фокусирани за пресметката против Данска во баражот за Светското првенство, мотивацијата е особено висока по потценувачките изјави на напаѓачот Расмус Хојлунд.
Македонија утре гостува на „Паркен“ во Копенхаген, популарните „рисови“ ќе се обидат да и ги поматат сметките на Данска и да го задржат мундијалскиот сон.
„Се наоѓаме пред голем предизвик, ова е сон за сите нас – тренери, играчи, навивачи и целата нација“ – рече селекторот на Гоце Седлоски на средбата со новинарите.
„Видов позитивна атмосфера и енергија во овие три дена колку што работам со фудбалерите. Сите сме фокусирани, дишеме како едно семејство, знаеме што значи македонскиот дрес и треба да го оправдаме“.
„Нашата цел е да одиграме најдобро што знаеме. Не сме фаворити, но ќе се обидеме да ја елиминираме Данска“.
„Фудбалерите знаат што барам од нив, трениравме и пенали, но се надевам дека ќе го решиме мечот во првите 90. Минута. Одлучив со која формација ќе излеземе утре, знам кој е стартниот состав, но сега нема да откријам“.
Данска влегува како голем фаворит во мечот и покрај тоа што има одредени проблеми.
„Имаат одлични фудбалери, квалитетен и широк ростер, но многу работи ќе зависат и од нас. Треба да „изгинеме“ на теренот“.
„Против силни репрезентации играме одлично, па нека биде така и утревечер. Во фудбалот се случуваат чуда“.
„Нивното потценување е дополнителен мотив за нас. Изјавата на Хојлунд (дека Македонија не е Франција или Германија) посебно ги мотивира моите момци“.
ФОТО: ФФМ