Весникот Спорт објави дека Барселона летоска на располагање ќе има најмалку 130 милиони евра за засилувања, планот е со овие пари да се ангажираат две квалитетни засилувања.
„Каталонците“ со години кубурат со финансиите и со ограничени средства настапуваат на трансфер пазарот.
Но како што пренесува Спорт, Барселона конечно ќе има голем буџет за засилувања ова лето.
Весникот вели дека Деко за трошење ќе има најмалку 130 милиони евра, и планот е со овие пари да се ангажираат две квалитетни имиња.
Клубот од Камп Ноу ќе ангажира централен дефанзивец, по можност левак, и напаѓач – на врвот на листата со желби се Алесандро Бастони и Хулијан Алварез.
Сепак, судејќи по она што се пишуваше изминатиов период за тоа колку Интер и Атлетико Мадрид ќе бара за разделба со Бастони, односно Алварез, 130 милиони евра ќе бидат премалку за комплетирање на оваа двојна зделка.