Македонската фудбалска репрезентација во четврток ја очекува еден од најважните натпревари во последните години – полуфиналниот бараж против Данска, кој ќе се игра во Копенхаген, каде што избраниците на селекторот Седлоски ќе се соочат со жешка атмосфера.
Од Данската фудбалска федерација потврдија дека стадионот „Паркен“ е целосно распродаден за овој дуел, што значи дека домашната селекција ќе има поддршка од околу 37.000 навивачи.
„Сѐ е подготвено за голема фудбалска вечер на ‘Паркен’, каде што репрезентацијата пред полни трибини ќе ја пречека Македонија“, соопштија од федерацијата.
За македонските навивачи се обезбедени околу 1.000 билети кои исто така уште претходно беа распродадени.
Победникот од натпреварот меѓу Данска и Македонија ќе се пласира во финалето, каде што ќе игра против подобриот од дуелот Ирска – Чешка.