Вереницата на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез ги запали социјалните мрежи откако објави фотографија која според пресметките „тежи“ околу 18 милиони евра.
Кристијано Роналдо важи за најбогатиот фудбалер и еден од најбогатите спортисти, па Португалецот и неговата вереница Георгина Родригез уживаат во луксуз.
Токму една нејзина објава на социјалните мрежи предизвика големо внимание, според пресметките, фотографијата „тежи“ околу 18 милиони евра.
Фотографијата е направена во автомобилот Бугати Чентодјечи, кој се проценува на речиси 12 милиони евра.
Двајцата носат часовници од брендот Патек Филип, часовникот на Кристијано Роналдо вреди околу 620.000 евра додека тој на Герогина Родригез вреди околу 385.000 евра.
Вереничкиот прстен на Аргентинката пак е проценет на повеќе од 5 милиони евра, па вкупната вредност на предметите е околу 18 милиони евра.