Фудбалерите на Пелистер во рамките на 24 коло на Првата македонска фудбалска лига ќе го дочекаат тимот на Струга.
Од таборот на „зелено-белите“ нагласија дека ќе дадат максимум за пак да останат непоразени од ривалот. Пооптимистичен беше Марјан Ристовски кој нагласи дека приоритет е победата.
„Промена на среќата е нешто што го посакуваме. Играме добро, но не ги реализираме шансите. И против Струга ќе го дадеме нашиот максимум, верувам дека нашите играчи во нападот ќе остават добар впечаток. Противникот не смееме да го потцениме, но верувам во мотивираноста на моите играчи”, изјави шефот на Стручниот штаб, Милан Стојановски.
„Победата ни е приоритет, денеска сме подготвени да ја добиеме Струга. Искрено верувам дека заедно со нашите верни „Чкембари“ ќе се радуваме на три бода. Ние нема што да изгубиме, но некогаш треба да не заобиколат малерите”, смета Швајц.
Поинаку размислува Ласана Диако од Струга, кој смета дека минатото нема врска и тимот сака да победува.
„Екипата е целосно фокусирана на денешниот натпревар, го оставивме за себе куп-натпреварот против Шкендија. И покрај тоа што немавме добар старт во пролетниот дел, можам да кажам дека како тим ќе се бориме до последниот меч во трката за шампионската титула. Бројките и традицијата немаат никаква вредност за мене. Сè ќе зависи од нашиот фокус на натпреварот. Мора да бидеме подготвени, решителни и да одиме кон нова победа, без да се оптоваруваме со минатото“, изјави Диако.
Натпреварот меѓу Пелистер и Струга се игра на стадионот „Петар Милошевски“ во терминот од 14:30 часот.