Ден на фаворитите во ВМФЛ – сите славеа победи!

by Стефан
1 минути читање

Во Втората лига денешните натпревари од 21. коло поминаа според очекувањата сите фаворити забележаа победи и освоија по три бода.

Најубедлив настап имаше Шкендија Арачиново, која на гостувањето кај Слога Виница го декласираше ривалот со 5-0. Водството од 3-0 беше обезбедено уште во првото полувреме, а во продолжението домаќините само ја зголемија разликата со уште два гола.

Лидерот на табелата, Охрид, славеше со 4-0 на свој терен против Вардар Неготино, додека Скопје успеа со минимални 1-0 да го совлада Кожув во тешка битка за три бода.

Брегалница на гостувањето кај Преспа беше сигурна и победи со 3-0, додека Беласица се радуваше на триумф од 3-1 против Тетекс.

На врвот на табелата нема промени, Охрид води со 49 бодови, следи Шкендија Арачиново со 48, Скопје со 47, Брегалница со 46 и Беласица со 43 бодови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×