222
Иако се уште не се знае дали Иран ќе биде дел од Светското првенство, познато е дека нивната ѕвезда, Сердар Азмун нема да биде во репрезентацијата.
Светските медиуми пишуваат дека Азмун е отстранет од репрезентацијата на Иран поради негова изјава.
Тој дал поддршка на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) кои неодамна беа цел на ирански напади.
31-годишниот напаѓач е член на Рома, но игра на позајмица во клуб од ОАЕ, Шабаб Ал-Ахли.
Азмун има импресивна статистика во дресот на иранската репрезентација, досега одиграл 91 натпревар и постигнал 57 голови.