Чаби Алонсо се навестува како наследник на Арне Слот на клупата на Ливерпул, шпанскиот стратег веќе идентификувал три големи засилувања.
„Црвените“ минатото лето потрошија рекордна сума на засилувања, но оваа сезона резултатите се далеку под очекувањата па често се говори дека Арне Слот ќе добие отказ.
Како негов наследник во последно време се најавува Чаби Алонсо, кој и понатаму е високо ценет и покрај тоа што издржа едвај шест месеци на кормилото на Реал Мадрид.
Последните информации велат дека шпанскиот стратег има јасен план во случај да седне на клупата на Енфилд и идентификувал три големи засилувања.
Тој сака да ја засили одбраната, средниот ред и офанзивата па на листата со желби ги ставил Алесандро Бастони од Интер, Адам Вортон од Кристал Палас и Бредли Баркола од ПСЖ.
Еден ваков шопинг сигурно ќе чини преку 200 милиони, па останува да се види дали „црвените“ ќе имаат доволно средства да си дозволат вакви зделки.