Денеска со два натпревари се затвора 23. коло од ПМФЛ

by riste
1 минути читање

Башкими го пречекува Работнички, а Пелистер му гостува на Силекс во денешните два натпревари од Првата македонска фудбалска лига, двата дуели почнуваат од 14:30.

Башкими врза две победи по ред, па со зголемена самодовреба ќе го пречека Работнички на кој очајно му требаат бодови за фаќање прилкучок во борбата за опстанок.

Дебармаалци славеа на три од последните четири натпревари и со тоа ја вратија надежта за опстанок иако уште се наоѓаат во многу тешка ситуација.

Во тешка ситуација е и Пелистер кој денеска има тешко гостување кај Силекс. Кратовскиот тим загуби од Вардар на претходниот меч, па сега ќе сака да се рехабилитира со победа.

Битолскиот тим е во зоната за испаѓање и води грчевита битка за опстанок, важен им е секој резултат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×