Комо со пресврт до важна победа во дербито со Рома! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Бајката на Комо предводен од Сеск Фабрегас продолжува, денеска го добија дербито со Рома која им е директен ривал за местата кои водат во Лигата на шампионите, победија со 2-1.

Мечот почна добро за Рома, со гол на Мален уште во седмата минута поведоа со 1-0.

По 15 минути игра во вториот дел Комо го изедначи резултатот со гол на Доувикас.

Пет минути подоцна проблем за Рома, Весли Франка доби втор жолт картон, гостите останаа со фудбалер помалку.

Тоа го искористи Комо кој со гол на Диего Карлос дојде до победа од 2-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×