УЕФА го објави идеалниот тим на неделата во Лигата на шампиони по одигрувањето на првите натпревари од осминафиналната фаза. Во изборот се најдоа фудбалери кои со своите настапи оставија најсилен впечаток во европската елита.
Интересно е што дури четири клуба имаат по двајца претставници во идеалниот состав. Тоа се Реал Мадрид, Баерн Минхен, Галатасарај и Атлетико Мадрид, што доволно говори за нивните настапи во оваа рунда од натпреварувањето.
Меѓу стативите се најде голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, кој имаше одлична вечер и беше еден од најзаслужните за резултатот на својот тим. Во одбранбената линија се избрани Џејкобс, Роберт Андрих, Робин Ле Норман и Јосип Станишиќ.
Во средниот ред место добија Брунстад Фет, Марио Лемина и Федерико Валверде, додека нападот го сочинуваат Мајкл Олисе, Хулиан Алварез и Хвича Кварацкелија.
