24
Финалисима во кој се соочуваат шампионот на Европа и шампионот на Јужна Америка, можно е да се одигра на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.
Првичниот план беше дуелот да се одржи на „Лусаил“ во Катар, но поради безбедносни причини се разгледува промена на локацијата.
Според последните информации, „Бернабеу“ е најсериозен кандидат за домаќин поради капацитетот, безбедноста и искуството со големи натпревари. Сепак, аргентинската федерација не е целосно задоволна од ова решение бидејќи тоа би значело предност за шпанската репрезентација.
Официјална одлука сè уште нема, но Мадрид во моментов се споменува како фаворит за организација на овој престижен натпревар.