Милан ќе му обезбеди 100 милиони евра на Алегри за засилувања, тренерот има три топ трансфер цели

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Италија пренесуваат дека Макс Алегри ќе добие 100 милиони евра за засилување на Милан, како топ трансфер цели се идентификувани Ким Мин Џае и Леон Горецка од Баерн Минхен, и Моизе Кин од Фиорентина.

„Росонерите“ практично имаат обезбедено настап во Лигата на шампиони, па почнуваат да ги кројат планови за следната сезона и кои засилувања му се потребни на тимот.

Медиумите од Италија пренесуваат дека Макс Алегри вчера имал состанок со генералниот извршен директор Џорџо Фурлани, и како што објави Газета дела Спорт, стратегот ќе добие буџет од околу 100 милиони евра.

Планот е да се донесе квалитетно име во секој дел од тимот, односно одбрана, среден ред и напад.

За одбраната, прва желба е Ким Мин Џае од Баерн Минхен, додека пак алтернатива е Марио Хила од Лацио.

Леон Горецка од Баерн Минхен се посочува како приоритет за засилување на средниот ред, додека прва опција за нападот е Моизе Кин од Фиорентина, со кого Макс Алегри соработуваше во Јувентус и би сакал да го види и во дресот на Милан.

Душан Влаховиќ од Јувентус, и Серху Гираси од Борусија Дортмунд се план Б и план Ц за офанзивата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×