Голманот на Атлетико по тепачката во Бразил изгледаше како да излегол од УФЦ кафез! (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Финалето на регионалното првенство Минеиро меѓу бразилските ривали Крузеиро и Атлетико Минеиро (1-0) наместо по фудбал, ќе се памети по големиот хаос и масовната тепачка на теренот, по која судијата покажа дури 23 црвени картони. Најлошо во инцидентот помина голманот на Атлетико Минеиро, Еверсон.

Крузеиро славеше минимална победа од 1-0 и ја освои титулата во првенството Минеиро, но самиот финиш од натпреварот беше обележан со невиден скандал. Тензиите ескалираа во последните моменти од средбата, кога на теренот избувна масовна пресметка меѓу фудбалерите.

Судијата на крајот подели дури 23 црвени картони, што претставува негативен рекорд во бразилскиот фудбал. Во општиот метеж и турканици тешко можеше да се види кој кого удира.

По натпреварот на социјалните мрежи се појави фотографија од сериозно повредениот и крвав Еверсон. Голманот на Атлетико заработил повреди на лицето, кои сигурно долго ќе го потсетуваат на драматичните сцени од ова финале

Можно е и ова да ти се допаѓа

×