Силва лут, ги обвини судиите затоа што Сити не победи!

by Стефан
1 минути читање

Манчестер Сити вчера не победи и ремизираше 2-2 против Нотингем Форест, а по натпреварот од таборот на „граѓаните“ незадоволството беше насочено кон судијата.

Најголемата забелешка се однесува на ситуацијата во која, според нив, требало да биде досуден пенал над Ерлинг Халанд.

„Оваа сезона сите ситуации кои се на граница одат против нас. Тоа е реалноста“, изјави Бернардо Силва.

Тој смета дека имало доволно елементи за најстрога казна.

„Според мене тоа беше пенал. Некој можеби гледа поинаку. Што можеше да направи Ерлинг во таа ситуација? Сепак, мора да го прифатиме тоа. Знаеме како стојат работите“, додаде Португалецот.

По вчерашните натпревари, Манчестер Сити сега заостанува седум бода зад Арсенал, но има и еден одигран натпревар помалку од „топчиите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×