Приказна како за на филм: На една година доживеал страшна несреќа, а сега стана дел од бразилски гигант

by Стефан
1 минути читање

Патот на младиот бразилски фудбалер Бернардо Лопес до фудбалските терени е вистинска филмска приказна за борба за живот, огромна упорност и нескршлив дух.

Кога имал само една година, Бернардо доживеал страшна несреќа и врз неговото лице паднал сад со врела вода. Вистинско чудо е што воопшто преживеал, а потоа следувала долга и исцрпувачка битка. Дури седум месеци поминал во болница, соочен со болка, операции и неизвесност.

И покрај тешката траума, лузните и сите животни предизвици што ги минал, Бернардо никогаш не се откажал од она што најмногу го сака, фудбалот. Љубовта кон топката и теренот била посилна од сите препреки што му ги наметнал животот.

Пред неколку месеци, ова храбро и талентирано момче настапи на младински турнир пред очите на бројни фудбалски скаути. Неговата техника, визија и природен талент ги воодушевиле претставниците на бразилскиот гигант Ботафого, кои без двоумење му понудиле место во својата престижна фудбалска академија.

Досегашниот пат на Бернардо е инспиративна приказна за човечката издржливост и силна порака дека никогаш не смееме да престанеме да веруваме во своите соништ, дури ни тогаш кога изгледа дека сите шанси се против нас.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×