„ВАР го измислија поради Реал Мадрид, цело време крадеа!“

by bojan
1 минути читање

Поранешниот фудбалер на Баерн, Јувентус и Барселона, Артуро Видал вели дека ВАР бил воведен поради тоа што имало многу судиски неправди на натпреварите на Реал Мадрид.

Во Шпанија со години се води полемика за скандалот во кој е инволвирана Барселона и милионските исплати кон поранешниот потпретседател на судискиот комитет.

„Каталонците“ се обвинети дека на овој начин ја купувале наклонетоста на судиите, додека пак тие на овие напади одговараат дека Реал Мадрид е тој кој со децении добива помош од судиите.

Во целата дебата сега се замеша и Артуро Видал, кој во еден период го носеше дресот на Барселона.

„Да, сум бил ограбен на натпревари против Реал Мадрид, и тоа на два меча со Баерн Минхен во Лигата на шампиони, еден во четвртфинале и еден во полуфинале“ – вели Чилеанецот.

„Мислам дека најмногу поради Реал Мадрид го измислија ВАР. Имаше премногу грабежи на нивните натпревари“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×