Една од главните теми во фудбалската јавност денеска беше мистеријата околу тоа каде се наоѓа Кристијано Роналдо, откако се појавија шпекулации дека Португалецот ја напуштил Саудиска Арабија.
Дел од светските медиуми објавија дека неговиот приватен авион, вреден 81 милион долари, во понеделникот вечерта полетал од Ријад кон Мадрид. Иако беше потврдено дека летот навистина се реализирал, остана нејасно дали токму Роналдо бил меѓу патниците.
Сепак, дилемите брзо беа расчистени. Ал Наср стави крај на шпекулациите со објава на социјалните мрежи, каде што сподели фотографии од денешниот тренинг. На нив се гледа како Роналдо тренира со соиграчите, со што практично беше демантирана приказната дека заминал од Блискиот Исток.
House of Nassr 📍 pic.twitter.com/QQHynKaaXC
— AlNassr FC (@AlNassrFC_EN) March 3, 2026