Нигерискиот интернационалец Јира Сор, кој настапува за белгискиот гигант Генк, испиша историја во европскиот фудбал со неверојатниот спринт кој го имаше викендов.
Во убедливата победа од 3-0 над Гент, Сор не само што се запиша во листата на стрелци, туку постави и нов рекорд според официјалните мерења на брзина. Во 92. минута, Нигериецот го претрча речиси целиот терен и достигна фантастични 37,7 километри на час што е најбрз спринт некогаш регистриран на европските терени.
Со овој подвиг, Сор го надмина досегашниот рекорд кој го држеше дефанзивецот на Тотнем, Мики ван де Вен. Холанѓанецот во сезоната 2023/2024 во Премиер лигата достигна брзина од 37,38 километри на час, што досега важеше за највисока измерена на еден натпревар.
🏃♂️ | Yira Sor is geflitst aan 37,7km/u tijdens #GNKGNT. Niemand in de JPL liep de voorbije twee jaar sneller. 🛣️📸 pic.twitter.com/fSvAFfbWVB
— DAZN België (@DAZN_BENL) March 3, 2026