Денеска во Нион се одржа ждрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите, а внимание во Нион привлече првиот човек на Бодо, тимот кој е најпријатното изненадување во оваа фаза.
Клубот кој доаѓа од град со околу 40.000 жители испиша убава приказна сезонава, а на церемонијата присуствуваше нивниот претседател, Фроде Томасен. Во друштво на познати имиња од европскиот фудбал, Томасен успеа да се издвои со својот избор на облека.
Наместо класичен костум, каков што обично се подразбира на вакви свечености, првиот човек на Бодо/Глимт се појави во тренерка. Камерите веднаш го уловија моментот при извлекувањето на неговиот тим, а реакциите на социјалните мрежи не изостанаа.
Feito
— Bancada de Leão🦁 (@bancadadeleao) February 27, 2026
Bodo Glimt x #SportingCP pic.twitter.com/l31uRVEq3o