Одредени се паровите за осминафиналето во Конференциска лига, за поинтересните натпревари ќе мора да се почека до следната рунда.
Ждрепката во Конференциска лига беше последна на денешната агенда во Нион, главните фаворити Кристал Палас и Фиорентина, се најдоа на истата страна од распоредот, и доколку се оди според планот, ќе се сретнат во следната рунда.
За да се случи тоа, Кристал Палас прво ќе треба да го победи АЕК Ларнака, а Фиорентина да биде подобра од дуелот со Раков.
Во овој дел од распоредот се уште и двојките Аз Алкмар – Спарта Прага и Лех Позњан – Шахтар.
Другата страна од распоредот е далеку полесна, единствен клуб од топ 5 првенствата е Стразбур.
Осмина-финале во Конференциска Лига:
Лех Позњан – Шахтар
Кристал Палас – АЕК Ларнака
Самсунспор – Рајо Ваљекано
Сигма – Мајнц
АЗ Алкмар – Спарта Прага
Фиорентина – Раков
Целје – АЕК Атина
Ријека – Стразбур
The road to Leipzig 🏆#UECLdraw pic.twitter.com/K1LdMN9coe
— UEFA Conference League (@Conf_League) February 27, 2026