Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги извлече паровите во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Освен тоа, на извлекувањето во Нион беше креирај и целосниот костур за натпреварувањето до финалето. Уште во четвртфиналната фаза се очекуваат спектакуларни дуели.
Осминафиналните пресметки во Лигата на шампионите се играат на 10/11 и 17/18 март. Потоа четвртфиналињата се во првата половина на април, а полуфиналето се игра на крајот на април и почетокот на мај. Сите ќе се борат за виза за големото финале кое се игра на 30 мај во Будимпешта.