Европската фудбалска федерација – УЕФА во своето седиште во Нион ја одржа ждрепката за нокаут фазата во Лигата на шампионите.
На полудиригираната ждрепка беа одредени осминафиналните парови, а исто така и костурот до финалето. Уште во оваа фаза ќе има неколку спектакуларни пресметки, меѓутоа најпривлечен е двомечот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити, но ништо пом
- Парови во осминафиналето на ЛШ:
Реал Мадрид – Манчестер Сити
Бодо/Глимт – Спортинг
ПСЖ – Челси
Њукасл – Барселона
Галатасарај – Ливерпул
Атлетико Мадрид – Тотнем
Аталанта – Баерн Минхен
Баер Леверкузен – Арсенал
Натпреварите од осминафиналето на Лигата на шампионите се играат на 10/11 и 17/18 март.
Четвртфиналните пресметки се во првата половина на април, полуфиналињата се на крајот на април и почетокот на мај, а мечот за трофејот се игра на 30 мај во Будимпешта.