Капитенот на Јувентус по елиминацијата од ЛШ: Би плачел…

by 24 фудбал
1 минути читање

Јувентус не успеа да се пласира во осминафиналето на Лига на шампиони и покрај победата од 3-2 по продолженија против Галатасарај. „Старата дама“ во регуларниот дел водеше со 3-0, откако во Истанбул загуби 5-2. Сепак, во продолженијата Галата даде два гола за вкупен триумф.

Капитенот Мануел Локатели не го криеше разочарувањето од поразот и елиминацијата.

Искрено, би заплакал, стварно верувавме дека можеме да поминеме понатаму. Вложивме срце и душа во овој натпревар, и повеќе од тоа. Еден инцидент сè искомплицира во првиот натпревар, но сега сакам од срце да им се заблагодарам на сите. Атмосферата на стадионот беше неверојатна. Го дадовме срцето и душата. Секогаш барам од играчите да го направат тоа, а синоќа навистина го направивме. Тоа е она што мора да го носиме понатаму со нас. Ова е Јувентус каков што сакавме да го видиме и каков што секогаш мора да биде. Мораме секогаш да се обидуваме да играме на ова ниво. На вистинскиот пат сме и не смееме да ја изгубиме таа верба“, изјави Локатели.

Јувентус од 48 минута играше со играч помалку поради црвениот картон на Лојд Кели. Федерико Гати порача дека елиминацијата е последица на слабата игра во првиот меч. Галатасарај во осминафиналето ќе се игра со Тотнем или Ливерпул.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×