Атлантик Груп со голман играч до победата над ТАВ
ТАВ 1-3(1-1) Атлантик Груп
ТАВ: Јованче Видински 6’
Атлантик Груп:Љупчо Павковиќ 22’ Благојче Стојановски 5’ 31’

Интересно прво полувреме ни прикажаа екипите на ТАВ и Атлантик Груп, двете екипи влегоа на теренот силно мотивирани и атакуваа на бодовите. Екипата на Атлантик прва го отвори резултатот преку Стојановски во 5та минута од полувремето, екипата на ТАВ во 6та минута преку Видински ја врати резултатската неизвесност и израмни на 1-1. Екипите настапија со одлично поставена игра во одбраната и голманите беа на ниво на задачата што го направи ова полувреме доста израмнето и интересно. До крајот на полувремето екипите не успеаа резултатски да се одвојат па на паузата заминаа со 1-1. Во второто полувреме екипата на Атлантик Груп во своите редови внесе голман играч тактика која се покажа како правилна одлука, па со вака поставена игра успеаа да ја вратат предноста во нивна полза. До крајот на натпреварот екипата на ТАВ се обидуваше резултатски да се врати во натпреварот но Атлантик Груп ги затвори пристапите до својот гол и славеше со резултат од 1-3.
СИГАЛ Иншуренс Груп со одлично второ полувреме до победата над Aџибадем Систина
СИГАЛ Иншуренс Груп 9-4(2-3) Aџибадем Систина
СИГАЛ Иншуренс Груп: Анди Нухиу 32’ 35’ Аднан Лимани 36’ Ербин Даци 9’ 11’ 24’ 25’ 28’ 39’
Aџибадем Систина: Кристијан Димковски 8’ 16’ Далибор Дамјановиќ 30’ Мартин Зимеркоски 11’

Динамично прво полувреме одиграа екипите на СИГАЛ Иншуренс Груп и Аџибадем Систина, двете екипи одлично го започнаа полувремето со цврста и офанзивна игра. Екипата на Аџибадем Систина го отвори резултатот во 8та минута со погодокот на Димковски, екипата на СИГАЛ Иншуренс Груп веќе во следниот напад преку Даци успеа да израмни на 1-1. Како одминуваше времето екипите го зголемуваа темпото на игра, екипата на Систина во ова прво полувреме имаше подобра реализација успеа да ги најде пропустите во одбраната на СИГАЛ Иншуренс Груп па на паузата замина со предност од 2-3. Во второто полувреме екипата на СИГАЛ Иншуренс Груп во своите редови го внесе Нухиу како голман играч што им дозволи да имаат играч плус во нападот па до 25та минута успеаа да дојдат до целосен резултатски пресврт и водство од 4-3. Вака блискиот резултат ја направи завршницата на овој натпревар вистинска драма. Во ваквата драматична завршница екипата на СИГАЛ Иншуренс Груп успеа да ја сочува и зголеми предноста и слави со 9-4.
Лукоил тимска игра дојде до победата над Киел
Киел 0-3(0-1) Лукоил
Лукоил: Петар Лефков 26’ Димитар Иванов 35’ Димче Андов 15’

Цврсто прво полувреме ни прикажаа екипите на Киел и Лукоил, двете екипи со одлична поставеност и цврста игра се обидуваа да дојдат до поволна позиција за погодок. Екипите со брзи контра напади се обидуваа да ги изненадат противничките голмани кои беа на ниво назадачата. Во втората половина на првото полувреме екипата на Лукоил успеа преку Андов да ја скрши одбраната на Киел и во 15та да поведе со 0-1. До крајот на полувремето ниту една од екипите не успеа повторно да реализира па на паузата се замина со резултатот од 15та минута 0-1 во корист на Лукоил. Во второто полувреме екипата на Лукоил го подигна темпото на игра и многу почесто се закануваше кон голот на противникот ова им донесе зголемување на водството на 0-3 со погодоците на Лефков и Иванов. До крајот на натпреварот екипата на Киел се обидуваше резултатски да се врати но Лукоил искусно ги затвори пристапите до својот гол и славеше на крајот од овој дуел со 0-3.