35
Англискиот фудбалер на Милан, Рубен Лофтус Чик, ќе паузира околу осум седмици поради скршеница на вилицата, соопшти италијанскиот клуб.
Играчот од средниот ред се повреди на натпреварот против Парма, кога заработи фрактура на вилицата. Од Милан информираа дека извршената операција за репозиција и стабилизација на скршеницата била целосно успешна.
Лофтус Чик сезонава одигра 27 натпревари во сите конкуренции и постигна 3 голови за „росонерите“, па неговото отсуство ќе претставува сериозен хендикеп во клучниот дел од сезоната.
Милан во моментов се наоѓа на втората позиција во Серија А со 54 бодови, 10 помалку од лидерот Интер.