Денеска се играат две од вкупно четирите четвртфинални натпревари во Купот на Македонија, додека дуелот меѓу Струга и Шкендија е одложен за 18 март поради европските обврски на актуелниот шампион.
Во фокусот на денешната програма се пресметките во кои прволигашите ќе се соочат со второлигашки предизвикувачи. Вардар без присуство на публика поради суспензијата од натпреварот со Башкими ќе го пречека Охрид, во интересен дуел меѓу лидерите во Првата и Втората македонска фудбалска лига.
Во Куманово, Шкендија Арачиново ќе ја има улогата на домаќин против Работнички, натпреварот се игра на теренот на Башкими бидејќи второлигашот на својот терен нема услови за користење на ВАР технологијата.
Утрешната програма носи дуел меѓу Детонит Плачковица и Силекс. Наместо во Радовиш, средбата ќе се одигра во Кратово исто така поради недосиг на ВАР систем кај второлигашот.
Сите натпревари се закажани со почеток од 14 часот.