98
Оваа седмица се играат дел од натпреварите во четвртфиналето на Купот на Македонија, поточно три од четирите со исклучок на дербито меѓу Струга и Шкендија.
Два од тие натпревари домаќините нема да ги играат на свој терен. Причината е јасна, станува збор за второлигаши и нивните стадиони немаат инфраструктура за ВАР системот.
Поради тоа Детонит Плачковица се договори со Силекс нивниот меѓусебен дуел да се одигра во Кратово.
Од друга страна, Шкендија Арачиново ќе биде домаќин на работнички во Куманово на стадионот на Башкими.