142
Денешните натпревари во ВМФЛ кои беа први продолжувањето на сезоната поминаа без поголеми изненадувања, единствено од водечките екипи Брегалница загуби кај Кожуф со 2-0.
Најмногу голови видовме на дуелот помеѓу Детонит и Големо Коњари, домаќините славеа со 6-0.
Охрид славеше над Беласица со минимални 1-0 на гости, додека Шкендија Арачиново беше сигурна со 4-1 против Преспа.
Во продолжение сите погодоци од натпреварите без дуелот помеѓу Победа и Новаци.
Беласица – Охрид 0-1
Детонит Плачковица – Големо Коњари 6-0
Кожуф – Брегалница 2-0
Осогово – Каменица Саса 1-0
Победа – Новаци 0-5
Шкендија Арачиново – Преспа 4-1
Слога Виница – Скопје 0-4