Нема крај на сагата, Арбелоа му одговори на Мурињо!

by 24 фудбал
1 минути читање

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, застана во одбрана на Винисиус Жуниор по контроверзите што се појавија по натпреварот од Лигата на шампионите против Бенфика, кој „кралевите“ го добија со 1-0.

По мечот, тренерот на португалскиот тим Жозе Мурињо изјави дека Бразилецот со начинот на прослава го испровоцирал домашниот дел од трибините, иако за време на натпреварот беше цел на расистички навреди. Арбелоа не се согласи со таквото толкување и јасно порача дека вината не може да се префрли врз фудбалерот на Реал.

Сите видоа што се случи, сите го гледавме натпреварот. Тоа е навистина важно, не можеме да го игнорираме тоа. Не сакам да коментирам туѓи мислења, ниту на Компани, ниту на Мурињо, ниту на било кој друг. Секој има право на свое мислење, а јас го изнесувам моето. Винисиус постигна фантастичен гол и го прослави како што сме виделе стотици пати кај многу играчи, без разлика на нивното потекло. Не можеме жртвата да ја претставуваме како провокатор. Повторувам: ништо од она што го направи Винисиус не оправдува расистички чин“, изјави Арбелоа.

Со оваа изјава, тренерот на Реал уште еднаш застана зад својот фудбалер и испрати јасна порака дека расизмот нема оправдување, без разлика на контекстот на натпреварот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×