Се враќа ВМФЛ: Борбата за елитата делува лудо!

by 24 фудбал
1 минути читање

Денес со натпреварите од 16. коло стартува пролетниот дел во Втората македонска фудбалска лига, а продолжението од сезоната најавува жестока битка и во врвот и во долниот дел од табелата.

По 15 одиграни кола, лидер е Охрид со 36 бодови, веднаш зад него е Шкендија А со 35, додека Брегалница останува во игра со 33 бода. Првопласираниот директно обезбедува место во Првата лига, а екипите од втората до петтата позиција ќе разигруваат за бараж.

Дополнителна неизвесност носи и фактот што од следната сезона лигата ќе се намалува, па дури пет екипи ќе испаднат директно, а тимовите од 9. до 11. место ќе мора да играат дополнителни баражи за опстанок.

Посебно внимание привлекува ситуацијата со Победа, која се наоѓа на 13. место со 11 бодови. Не е целосно јасно дали прилепчани без проблеми ќе ја продолжат сезоната, а денеска треба да го пречекаат Новаци. Сите натпревари од ова коло се играат од 14:00 часот.

  • Парови во 16. коло на ВМФЛ:

Беласица – Охрид
Детонит – Големо Коњари
Кожуф – Брегалница
Осогово – Каменица Саса
Победа – Новаци
Шкендија Арачиново – Преспа
Слога Виница – Скопје
Тетекс – Вардар Неготино

Можно е и ова да ти се допаѓа

×