Лудо полувреме на Њукасл: Му даде пет гола на Карабах – еден фудбалер постигна четири! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Њукасл одиграа неверојатно прво полувреме против Карабах во Лигата на шампионите во кое постигнаа дури пет погодици и водат со 5-0.

Полувреме за паметење посебно одигра Арон Гордон кој постигна четири гола. Шоуто почна по само три минути игра кога токму тој го отвори резултатот. Потоа Малик Тиав зголеми на 2-0 веќе во осмата минута.

Во продолжение до крајот на првиот дел Гордон двапати стрелаше од пенал во 32-та и 46-та минута, додека во 33. минута стрелаше од игра.

Гордон со овој подциг стана само вториот фудбалер во историјата на најелитното европско натпреварување кој постигнал четири гола во едно полувреме претходно тоа го направи Луиз Адријано за Шахтјор во 2014 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×