Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо имаше ново шоу на средбата со новинарите, изрази чудење зошто никој не постави прашање за пеналите кои вчера ги добија Барселона и Атлетико Мадрид.
„Кралевите“ со години се жалат дека се жртви на судиски одлуки, особено откако изби скандалот „Негреира“ и милионските исплати на Барселона кон поранешниот потпретседател на шпанската судиска комисија.
Реал Мадрид често знае да им замери и на новинарите дека замижуваат пред контроверзните ситуации, па така беше и на денешната пресконференција.
Пред да стане и да ја напушти салата, Жозе Мурињо рече: „Никој нема да праша за пеналите? Чудно…“
Вчера, Барселона и Атлетико Мадрид добија контроверзни пенали кои покренаа многу дебата, па очигледно пораката на „специјалниот“ беше насочена кон ова.
А ако се суди според реакцијата на Жозе Мурињо, се чини дека „ВацАп“ групите на членовите на клубот и стручниот штаб биле преполни со негодување.
👋🏼 Así ha despedido Mourinho la rueda de prensa previa al #ElcheRealMadrid
— Carrusel Deportivo (@carrusel) September 14, 2026
😉 "¿Ninguna pregunta sobre los PENALTIS?" pic.twitter.com/xTyLuThOVp
Сосема спротивно, „специјалниот“ се шегуваше со новинарите поради густиот распоред и бројот на пресконференции.
„Преку глава ми е од вас, а и на вас ви е преку глава од мене. Постојано го зборуваме истото, а вие веќе немате ни што да ме прашате!“