Отаменди провоцираше против Реал, а легендата удри по него: Тој не е „чист“ во главата!

by 24 фудбал
1 минути читање

Победата на Реал Мадрид над Бенфика од 0-1 во плеј-офот од Лига на шампиони на УЕФА остана во сенка на еден инцидент во финишот.

Николас Отаменди провоцираше кон Винисиус Жуниор покажувајќи ги тетоважите на градите, но Бразилецот остана смирен и само се насмевна. Поранешниот ас Весли Снајдер го осуди потегот, оценувајќи дека таквото однесување е непотребно и штетно за тимот.

Јас би изреагирал поинаку, но тоа е сосема друга работа. Отаменди не е чист во главата, таквите потези можат само да му наштетат на тимот, особено кога сте во резултатска негатива. Мислам дека страстите ја надминаа границата на нормалата, тоа не смее да се случува на терените“, изјави Снајдер.

Инаку, натпреварот во Лисабон крена огромна прашина поради инцидентот со Винисиус и Престијани.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×